Планинарска тура по повод Илинден

0
275

Планинарската федерација и Агенцијата за млади и спорт по повод националниот празник 2 Август од денеска до 3 август организираат планинарска тура, на која ќе учествуваат повеќе планинарски друштва од Македонија и гости-планинари од странство.

Маршрутата поминува по трагите на Илинденците низ централна Македонија и е долга околу 200 километри. Учесниците дневно ќе пешачат околу 10 до 12 часа. Право на учество имаат искусни планинари, здрави и кондициски подготвени, со задолжителни лекарски преглед.

Организаторите соопштија дека сите учесници кои денеска ќе стигнат на означеното собирно место ќе бидат превезени со автобус до местото Преслап (1000 метри надморска височина). Треба да имаат опрема за планинарење и да си обезбедат храна.