Плевнелиев до Иванов: Аболицијата може да предизвика проблеми

0
515

На претседателот на Македонија Ѓорге Иванов јасно му ставив на знаење дека ја има нашата подадена рака на помош. Бугарија е голем пријател. Ова го изјави претседателот на Бугарија Росен Плевнелиев во Братислава.

Тој подвлече дека од стартешко значење за Бугарија е стабилноста на регионот, на Балканот и се разбира во Република Македонија.

„Бугарија не само како соседна држава и пријател, но и Бугарија како претседател на Процесот на соработката во Југоисточна Европа може и сака да направи повеќе во решаването на проблемот“, изјави Плевнелиев.

„Со Иванов разменивме мислење дека кризата може да биде решена тогаш кога ќе се случат неколку јасни објави и дејства. Нашиот совет до претседателот Иванов е сите политички сили во државата да излезат заедно со повик на ненасилство и да покажат дека единственото можно решение е мирното решавање на проблемите“, додаде Плевнелиев.

Во телефонскиот разговор со Иванов Плевнелиев рекол дека одлука за аболиција може да доведе до проблеми затоа што народото очекува праведна борба против корупцијата, изјави Плевнелиев кој учествува на 11-от Глобален форум за безбедносните прашања – GLOBSEC 2016, јави БГНЕС.

www.mkd.mk