Плинска боца им ја запали куќата

0
621

фото: архива

На 08.04.2016 година во с.Десово-прилепско, во куќата сопственост на А.С.(63), настанал пожар во моментот кога неговата сопруга З.С.(60), се обидела да го запали горилникот за готвење на плинска боца која се наоѓала во кујната, по што пламенот ја зафатил завесата. Во тој момент, истата врз огнот фрлила ќебе, но огнот се проширил по целата просторија во која изгорела целата покуќнина. Од страна на лицето Ш.С.(37) боцата била исфрлена надвор од просторијата, при што истата се здобила со изгореници во пределот на десната страна на лицето, додека З.С. се здобила со изгореници во пределот на лицето и левата подлактица. Од страна на екипа на ТППЕ-Прилеп пожарот е изгаснат. Се работи на целосно расчистување на случајот.