По 10 часа изгаснат пожарот кај Лавци

0
456

Скоро по 10 часовна борба со пламените јазици екипите на ТППЕ во Битола пожарот кој беснеше над Битола го локализираа дури околу полноќ. По дојава од граѓани во 15 часот и 30 минути две екипи со две противпожарни возила биле испратени на местото Лавчанска корија во атарот на село Лавци , поточно стариот пат за Лавци и Смолево. Но поради ветерот кој што доплнително им ја отежнал рабвоата на пожарникарите , веднаш биле испратени уште две екипи со две противпожарни возила, вели командирот на ТППЕ Во Битола Костадин Поповски

Со пожарот била зафатена површина од околу 10 хектари. Гореше нискостеблеста шума, но за жал изгоре бор и смрека што иницицира дека станува збор за потпалување, додава Костадин Поповски, раковидител на ТППЕ-Битола.

Локацијата каде што избувна шумскиот пожар над Битола е позната и традиционална рекреативна зона на голем број вљубеници на планината, но по вчерашниот пожар – опустошена, нагласуваат од ТППЕ-Битола.