По 10-ти пат германски филмови во Битола

0
278

Со прикажување на филмот „Мед во главата“ од и со Тил Швајгер, во Центарот за култура беше отворено 12 тото издание на фестивалот на новиот германски филм, а по 10-ти пат во Битола, а под мотото „Сакам филм“.

Во рамките на Фестивалот, беа прикажани вкупно 6 актуелни германски продукции, покрај Мед во главата беа прикажани – За една девојка, Хардер – помеѓу два света, Државата против Фриц Бауер, Куќата на крокодилите, Тура на животот.
Режисерот Швајгер е најпопуларниот актер во Германија и успешен продуцент. Неговиот филм „Мед во главата“ со над 7 милиони гледачи беше најуспешниот филм на годината во 2015.

Изборот покажа пресек на опширната германска кинематографија од последните две години, а фестивалот е во соработка со германската Амбасада.

Сите филмови имаат добиено награди и се наменети за публика над 12 години, а детските над 6 години. Филмовите нудат можност, Германија својата култура, историја и општество да ги претстави на пошироката публика.

Се тематизираат различни области на човековиот живот, љубовта и проблемите во врските, семејството и пријателството, училиштето и пубертетот, староста, болеста и смртта.

Фестивалот покрај Скопје и Битола, се одржува и во Куманово , Прилеп, Охрид, Велес, Кавадарци, Тетово, Струмица и Штип.