По 11 пат доделена наградата „Тоде Петревски“

0
926

По 11 пат денеска се додели наградата „Тоде Петрески” истакнат новинар кој пред 12 години почина, но зад себе остави темели врз кои се заснова професионалното новинарство. Во чест на неговотo име на доајенот на битолското и македонското новинарство Битолски весник ja востанови оваа награда . Сопругата на Петревски истакна дека водилка во кариерата на Петревски беше исклучиво вистината. Тој беше дописник за МРТ и Македонското радио, Дојче Веле, Политика и други медиуми.

-Јас како сопруга сум горда на него. Тој како да дојде од космосот од сите планини, да ги отклучи нашите срца со љубов, и да ја заклучи таа љубов во нашите срца, и ние како него да живееме како шамани занесени и мислеќи на него, љубејќи го за вечност , но носечи го животот кој за мене овие години навистина не е лесен, изјави Снежана Петровска, сопруга на Тоде Петревски

Директорот на Битолски весник, зборувајќи за ликот и делото на почитуваниот колега Тоде Петревски истакна дека Петревски беше врвен професионалец од кој помладите новинари учеа како да се носат со сите предизвици што ги носи новинарската професија.

-Денес е ден кога имаме измешани чувства, чувство на тага и чувство на радост. Чувството на тага е тоа што пред 12 години го изгубивме новинарот Тоде Петревски, почина прераноо во моментот кога најмногу требаше да даде во новинарството, човек кој што остава неизбришлива трага не само во битолското и македонското новинарство туку и во новинарството надвор од нашите граници. Тој ми беше учител. Не учеше на една филозофијакоја треба младите несебично да ја прифатат ,дека новинарството е вечна борба. Секогаш новинарот треба да се бори со силата на професионалноста, аргументите и вистината, изјави Менде Младеновски директор на Битолски весник.

Наградата за новинарство „Тоде Петревски“ годинава ја доби новинарката Емилија Сарафска од ТВ Орбис

– Кога пред 16 години започнав да пливам во водите на новинарството добив еден прекрасен совет од Тоде Петревски кој рече: „Еј, зарем и ти тука се најде, една од драгите ученички на мојата сопруга!?“. Верувам дека ако во животот те води вистината ќе бидеш добар новинар, така што до ден денес таа мисла ми е мисла водилка, колку е пожелно да се работи со вистината во денешното време како новинар, знаеме сите. Меѓутоа навистина треба да се има доблест да се служи човек со вистината и отука да поаѓа во тоа што го работи, да го сака итн“, изјави Емилија Сарафска, новинар  

Со оваа наградата досега се наградени голем број на битолски новинари. Доделувањето се одржа во градската и универзитетска библиотека „Св.Климент Охридски“ во Битола.