По 15 месечен бојкот СДСМ од утре се враќа во Собранието

0
426

Пратениците од опозициската коалиција од утре се враќаат во Собранието на Република Македонија. Ова е дел од договорот од Пржино потпишан од четирите најголеми политички партии на 2 јуни и 15 јули за надминување на политичката криза.

По ланските избори во април, СДСМ и коалициските партнери одлучија да ја бојкотираат работата на Собранието со образложение дека за време на тогашните предвремени парламентарни избори имало и премногу нерегуларности. Опозициските пратеници поднесоа и писмени оставки, но Собранието никогаш формално не ја заврши процедурата со нивниот бојкот. Опозицијата тогаш освои 34 пратенички места, а три нивни пратенички (Солза Грчева, Љубица Буралиева од СДСМ и Роза Топузовска Каревска од ЛДП) не ја послушаа партиската директива за бојкот и решија да го почитуваат изборот на гласачите. Во меѓувреме тие беа исклучени од партијата за непочитување на партиските одлуки.

И покрај бојкотот, пратениците на опозицијата досега редовно добиваа плата која во просек, месечно изнесува 1.000 евра.