По 16-ти пат се одржа ликовната колонија Нижо поле

0
260

Во хотелот „Молика“ на Пелистер, се одржа 16 -тото издание на Меѓународната ликовна колонија „Нижо Поле 2015“.Оваа колонија има значајна улога како за битолската културна средина така и за македонската.

На Пелистер, сликаа ликовни уметници од повеќе земји од светот но и реномирани македонски уметници.

Ликовните уметници сликаа мотиви од Пелистер, пејзажи и други природни имепресии на слободна тема. За сликање се користише различна техника, а изработените дела ќе бидат изложени на посебна меѓународна сликарска изложба што ќе се одржи во Битола.
Меѓународната сликарска колонија Нижо Поле 2015 се одржува во рамките на битолското културно лето „БитФест“.