По 23 години МВР ја заврши најдолгата потрага по бегалец од затвор

0
2769

Со екстрадиција на македонскиот државјанин Д.М од Италија во Македонија, на крајот од минатиот месец, ФАСТ тимот (FAST Fugitive Active Search Team) при Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР ја оконча најдолгата потрага по бегалец во историјата на македонската полиција  која траеше цели 23 години 1 месец и 14 дена.

Имено,  На 12.01.1989 година Д.М. и С.Ѓ. извршија свирепо убиство врз лицето Ж.К., при што откако го намамиле во стан, Д.М. со претходно подготвена секира го удрил во главата, а откако жртвата паднала на подото  Д.М. му нанел уште неколку удари со секирата, за да подоцна го искасапат телото замотувајќи ги остатоците во најлони, со намера полесно да се ослободат од телото. На 19.06.1989 година тогашниот Окружен Суд во Битола ги осудува Д.М. на 15 годишна и С.Ѓ на 12 годишна затворска казна за кривично дело убиство.

Но, на 14.03.1994 година Д.М. ја користи можноста при добивање на викенд отсуство, за да побегне од КПУ Идризово, а веќе наредниот ден е распишана меѓународна потерница за него, по што започнува и меѓународната потрага, која траеше цели 21 година и 8 месеци и 12 денови. Односно до неговото лоцирање и апсење во Италија на 27.11.2015 година. По двегодишната екстрадициона постапка тој од страна на ФАСТ тимот е спроведен во КПУ Идризово каде што треба да ја одлежи затворската казна изречена во 1989 година, соопшти МВР.