По 4-ти пат Трка на штикли во Битола

0
697

Утре на Широк Сокак по четврти пат ќе се одржи „Трката на штикли“. Годинава манифестацијата има меѓународен карактер, бидејќи покрај девојките од Македонија, во трката ќе учествуваат и натпреварувачки од Турција. Организатор на трката е Младинскиот културен центар од Битола.

-МКЦ го има заштитено овој бренд и според она што го сведочат постарите генерации, ова е настан за кој има поголем интерес дури и од одржувањето на штафетата на младоста. Интересот за настанот е огромен, настан кој оваа година вклучува и натпреварувачки од Турција, изјави д-р Сашо Додовски, директор на МКЦ Битола.saso

Оваа година имало голем интерес, како кај натпреварувачките, така и кај оние кои сакаат да го видат овој несекојдневен настан. Трката на штикли во Битола го следи трендот на најпознатите светски трки по меѓународни стандарди.

-Нашите предиспозиции се преземени од слични настани кои се одржуваат долги години во светски метрополи. Во над 350 светски градови се одржуваат вакви трки, а во опкружувањетоп се одржуваат во Белград и во Дубровник. На овој начин Битола прави добра реклама, вели Додовски.

Досега биле пријавени 18 натпреварувачки, но точната бројка ќе се знае утре пред трката. Девојките најнапред ќе трчаат во полуфуиналиња, а најдобрите ќе трчаат во финалната трка, која се очекува да започне во 21:45 минути.

На претходните трки сите победнички биле битолчанки.

-Оваа година ни половина не се битолчанки од оние кои ќе се натпреваруваат. Овие години битолчанки покажаа дека можат мошне успешно да се движат на штикли и да трчаат, вели Додовски.11 трка на штикли

Натпреварувачките ќе трчаат на високи потпетици чија минумална висина треба да биде 8 сантиметри, додека не е дозволено да се трча во чизми. Минималната возраст за да се учествува е 16 години. Сите девојки кои ќе учествуваат во трката ќе добијат награди, а за трите најбрзи девојки, организаторот обезбедува и парични награди. Покрај трката предвидена е и богата музичка програма.