По 40 евра за обнова на фискалните каси

0
364

На фирмите кои работат со готовинско плаќање деновиве масовно им се блокираат новите фискални апарати кои ги набавија пред една година, со измените на Законот за фискализација. Истовремено, престануваат да работат и главните и резервните каси, по што апаратите мора да се однесат во фирмата од каде што се купени. Овластените застапници им наплаќаат надоместок од 40 до 70 евра по каса, за да може тие повторно да профункционираат, а за време на повторното активирање кое трае неколку дена, фирмите кои продаваат стоки и услуги на потрошувачите им издаваат сметки на парагон блокчиња.

Од Управата за јавни приходи се прогласија за ненадлежни.

„Овластениот производител на фискален систем  е должен најмалку еднаш во годината да изврши превентивна проверка без надоместок. Сите останати побарувања, како што се: пренос на податоци преку мрежата на мобилниот оператор, функционална и техничка поддршка, поправка на фискалниот систем на опрема и слично, се уредуваат со договор помеѓу овластениот производител и корисникот на фискалниот систем на опрема“, велат од УЈП.