По 40 години во самица излезе на слобода

0
581

Алберт Вудфокс, афроамериканец, кој во петокот наполни 69 години, осуден е заедно со уште двајца црници, Роберт Кинг и Херман Валас, за убиство на чувар во затворот Ангола, во сојузната држава Луизијана, во 1972 година. Тој по четириесет години во самица, ја почувствува слободата далеку од затворските решетки.

Тројцата биле припадници на движењето Црни пантери, радикално движење за заштита на американските црници од полициската бруталност во времето додека затворската средина била изразено поделена околу расните прашања.

Вудфокс прво  го негираше убиството на чуварот, Осуден е без материјални докази, врз основа на сведочење на тројца затвореници.

Судбината на Вудфокс, Кинг и Валас, наречени „тројцата од Ангола“, ги поттикна критиките на невладините организации за човекови права, во прва ред Amnesty Inernational..

Околу 100.000 затвореници во САД 23 од 24 часа дневно се затворени во мали ќелии, речиси без никаков контакт со луѓе.