По 5-ти пат тренинг на плажа

0
934

Традиционалниот еднодневен летен тренинг на плажа, што еднаш годишно го организира Академијата за боречки вештини “ЗА НЕД ДО“ од Битола, оваа година се одржа во соседна Грција поточно во Паралија, во соработка со туристичката агенција Бела роза.

Летниот тренинг на плажа се одржа по петти пат, а покрај учеството на врвни спортисти во боречки вештини, дури и со светски титули, беше отворен за сите присутни на плажата .

Просто е неверојатно, колку е голем интересот на битолчани, да присуствуваат на овој тренинг, на кој се дружеа, вежбаа и едноставно, си ги покажаа сопствените духовни вредности.

Неделковска истакна дека вежбањето не треба да почне два месеци пред летниот период туку тој континуитет на вежбање да трае во текот на целата година.