По Депај, Манчестер Јунајтед го обезбеди и второто засилување

0
217

matteo-darmian-torino

Манчестер Јунајтед е блиску до реализација на трансферот на италијанскиот репрезентативец од редовите на Торино, Матео Дармијан. „Црвените ѓаволи“ на Торино за услугите на 25 годишниот десен бек ќе треба да му платат 20 милиони евра. Како што пренесуваат англиските и италијанските медиуми, извршниот директор на Јунајтед ги договорил личните услови со фудбалерот, кој се согласил на неделна плата од 42.000 евра, додека Торино веднаш ќе добие 18 милиони евра. Претседателот на Торино Урбано Каиро претходно потврди дека за Дармиен во клубот пристигнале три понуди и дека тој сигурно ќе го напушти клубот во овој преоден рок.