По деветти пат Pétanque à Bitola

0
601

Во Битола традиционално се одржа спортската манифестација Pétanque à Bitola , која ја организира СОУ. – гимназија “Јосип Броз Тито ” од Битола. во соработка со Здружението на професори по француски јазик на РМ. и Националната комисија за Франкофонија во РМ.
Манифестацијата се одржува во рамките на одбележување на франкофонијата во република Македонија, а спортот оваа година е една од топ темите насекаде низ светот.
Инаку Pétanque е француска традиционална игра коај се игра најмногу во Марсеј.
Оваа година и учесници од другите градови од Македонија, Прилеп, Демир Хисар, Гевгелија и други.

Првото место отиде за екипата Безансон, од гимназијата Јосип Броз Тито од Битола.

Оваа година спортската манифестација се одржа по 9- ми пат, а во рамките на одбележување на франкофонијата во Битола се одржаа и неколку придружни манифестаци.