По „грешка“ убиени 30 сојузнички борци

0
284

Најмалку 30 јеменски провладини борци се убиени на југот на Јемен, како што се вели – „по грешка“, во воздушните напади на коалицијата предводена од Саудиска Арабија.

Саудиската коалиција, која ги нишанела хутите во Јемен, убила 30 борци лојални на претседателот на Јемен Абд-Рабу Мансур Хади кога вчера по грешка бомбардирале воен камп во провинцијата Таиз, соопштија локалните власти.

Воздушниот напад, во кој се ранети уште 40 борци, е најнов во серијата инциденти со „пријателски оган“ предизвикани од кампањата предводена од Саудијците против иранскиот сојузник Хути-милицијата, која почна во март.

Саботните напади ја погодиле планинската област во близина на југозападниот дел на градот Таиз, каде што се интензивираат борбите меѓу локалните борци и војниците лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех, кој застана на страната на хутите, рекол еден функционер од администрацијата на Хади за Ројтерс.

„Коалицијата во нападите погоди погрешна цел“, рекол тој.

Најмалку 5.400 луѓе загинаа во оваа шестмесечна граѓанска војна во најсиромашната земја на Арапскиот Полуостров, а Обединетите нации соопштија дека хуманитарната ситуација, влошена со саудиската блокада на пристаништата на Јемен, е „критична“.

www.mkd.mk