По изборите на 5 јуни подготвен сум за уште едни

0
846

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, вели дека по изборите на петти јуни е подготвен за уште едни избори. Во интервју за Франс прес, Груевски рече дека неговата партија се подготвува за вонредни избори наредниот месец и покрај бојкотот на опозицијата. Тој кажа и дека македонскиот Устав не дозволува одлагање на изборите закажани за петти јуни и додаде дека е подготвен веднаш да одржи второ гласање за да им даде можност на граѓаните да бираат.

Така, Македонија би можела во наредите месеци да има две изборни гласања. Сега сме во многу непријатна ситуација како единствена од четирите големи партии која излегува на избори, рече Груевски и додаде дека неговата партија сака заслужена победа. Меѓународната заедница, генерално, не одобрува избори да се одржат на петти јуни, но никој до сега не наоѓа уставни мерки за тие да се доложат, вели Груевски.