По камења и кал до Брусник

0
710

Локалното население  кое што живее на улицата Никола Киров Мојсовски мака мачат  да ги поминат стотината метри од двонасочната улица со преостаната ширина од помалку е еден метар, бидејќи како што велат улицата е многу калива и има камења. Од општина Битола денес не информираа дека со асфалтирање на оваа улица ќе се отпочне идната недела

Оштетувањето на патот беше особен проблем за редовниот училишен минибус и другите товарни возила кои го снабдуваат селото со потребните стоки но и за останатите возила кои се присилени при вклучувањето на локалниот пат практично да застануваат за да не ги оштетат возилата, а особено опасни се ситуациите кога се разминуваат две возила, па едното од нив мора да влезе во одводниот канал затоа што едноставно патот нема доволна ширина.

Во последните две години единствената врска помеѓу Битола и Брусник, полека исчезнуваше за деновиве во делот помеѓу брусничката населба и атарот на селото Брусник да останат само околу еден метар од двонасочната сообраќајница. Коловозот кој и онака беше претесен и веќе одамна амортизиран, почна забрзано да се оштетува во последниве две години најмногу како последица на градежните зафати кои приватни инвеститори ги вршат на парцелите покрај патот.

Оштетувањето беше особено видливо во зимскиот период кога водата од отворените канали која се слева од селото Брусник истекува по површината на улицата, го поткопува асфалтот, исфрла големи количини на кал, а во постудените периоди создава мало замрзнато езеро кое кога ќе се затопли зад себе остава дупки на патот.

Асфалитирањето на улицата е последната фаза од проектот на Општина Битола, на кој му претходеше спроведување на водоводна мрежа, атмосферска и фекална канализација на оваа улица.

Проектот стартуваше со реализација во Ноември минатата година, а за истиот беа издвоени 8.5 милиони денари од општинскиот буџет.

Без коментари

LEAVE A REPLY