По која цена ќе се откупува преспанското јаболко?

0
994

Преспанските овоштари се задоволни и од родот и од квалитетот на преспанското јаболко. Она што со години им задавало главоболки поради ниските откупни цени, кои не им ги покривале ниту производствените трошоци, за годинава барем на почетокот на откупната сезона таа мака велат ги одминала

– Задоволни сме од откупната цена. Таа во моментот се движи од 15 до 20 денари во зависност од сортата и квалитетот на јаболкото, изјави Љубе Пампулевски претседател на Здружение на овоштари од Преспа

Од годинешната реколта се очекува производство на над 100 илјади тони конзумно и индустриско јаболко и со врвен квалитет, рече градоначалникот Стрезовски за време на Преспанскиот јаболкобер кој што се одржа викендов во Ресен

-Сметам дека овогодинешните цени ќе бидат значително подобри во споредба со минатогодишните и сето тоа ќе биде на големо задоволство на граѓаните на Преспа. За конзумно јаболко, за оние сорти јаболка освен ајдаретот, цената ќе биде меѓу 18 и 20 денари, додека на ајдаретот ќе биде меѓу 12 и 15 денари по килограм, изјави м-р Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен

Заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство рече дека покрај изградбата на Дистрибутивниот центар кај Макази во чии ладилници до година ќе можат да се чуваат до 10 тони јаболка, ќе продолжи привлекувањето на нови странски инвеститори, што ќе ја зголеми конкуренцијата и цената на јаболкото. При тоа надлежните институции ќе ги заштитат овоштарите од дивите откупувачи и од уцените на трговците

Владата за преспанските овоштари годинава исплати два милиони евра за ланските претрпени штети од поплавите.

 

 

Без коментари

LEAVE A REPLY