По котлините магла, на планините сонце

0
322

Во Македонија на повисоките места и во југоисточните делови времето ќе биде сончево и релативно топло, по котлините магливо и постудено.

Во пладневните часови маглата ќе биде послаба. Температурата ќе се движи од три до 18 степени.

Во Маврово дневната температура ќе биде 11 Целзиусови степени, Охрид 12, Гевгелија 17, Берово 12…

Утре времето ќе биде сончево, со мала до умерена облачност, по одделни котлини ќе има појава на магла, особено претпладне. Температурите ќе се движат од 8 до 18 степени.

Во петок ќе имаме претежно сончево време, со слаб до умерен северен ветар од 9 до 16 степени.

И во сабота ќе преовладува сончево време, со мала до умерена облачност, магла по котлините, особено претпладне и температури од 7 до 15 степени.