По локалните избори ќе продолжи расправата за Законот за употреба на јазиците

0
179

Законот за употреба на јазиците по шест дена расправа во Собранието, не го помина ни првото читање.

Претседателот на Собранието Талат Џафери рече дека го исполнува ветеното дека за време на изборната кампања, која почнува в понеделник, Собраниетo нема да работи за да се спречи какво било влијание врз гласачите од собраниската говорница.

„По шестдневна плодна и успешна дебата, решив да одиме на одмор. Како што најавив, Собранието работеше до почетокот на изборната кампања за локалните избори“, рече Џафери.

Тој, посака мирна и успешна предизборна кампања на сите учесници во неа и однапред им честиташе на тие што ќе ги добијат мандатите.

Дебатата за законот за јазиците ќе продолжи по локалните избори.

Без коментари