По нападот во Сирија, американската флота се упати кон Северна Кореја

0
763

Помалку од 48 часа откако нападнаа сириска воздухопловна база за да го казнат режимот на Асад за хемиски напад, САД одлучија да покажат мускули и во севернокорејскиот нуклеарен спор.

Американскиот носач на авиони и неговата флота тргнале кон Корејскиот Полуостров, открил портпаролот на американската команда во Пацификот, јасно споменувајќи ја севернокорејската нуклеарна закана.

„Американската команда на Пацификот ѝ нареди на воздушно-поморската група распоредена околу носачот на авиони УСС Карл Винсон да биде на располагање и присутна во западен Пацифик како мерка на претпазливост“, изјави нејзиниот портпарол, командантот Дејв Бенам, истакнувајќи дека „закана број еден во регионот останува Северна Кореја поради својата неодговорна, дестабилизирачка и непретпазлива ракетна програма, како и продолжувањето на истражувањата за обезбедување нуклеарно оружје“.

Овој потег ќе ја зголеми напнатоста во регионот, а следува брзо по американскиот ракетен напад врз Сирија, кои многумина го толкуваат како предупредување до Пјонгјанг поради неговото одбивање да се откаже од нуклеарните амбиции, вели Франс прес.

Групата е составена од носачот на авиони Карл Винсон од класата носачи на авиони Нимиц, воздушен ескадрон, два разорувачи за лансирање ракети. Иако првично требаше да оди во Австралија, тој тргна преку Западен Пацифик од Сингапур.

Северна Кореја изврши пет нуклеарни тестирања, од кои два во 2016, а сателитските снимки покажуваат дека подготвува шести тест.

www.mkdmk