По повод патронот, промовирани нови доктори на науки

0
1319

„Најголем дел од докторите се од техничките области што е добра страна во однос на нашиот универзитет и тенденцијата кон која се оди за промоција на техничките науки во образовниот систем на Република Македонија“, истакна ректорот на универзитетот д-р Сашо Коруновски.

doktorati 002

Од 14-те доктори на науки, шест доаѓаат од техничките области, еден доктор од полето на информатиката, тројца од областа на безбедноста, тројца од педагошките науки и еден доктор по јавна администрација. Ректорот смета дека и кај нас ќе се применат светските трендови во кои докторите на науки ќе се вклучат во производствениот процес.