По примерот на светските метрополи флеш моб и во Битола

0
2333

Флеш моб е специфичен социјален екперимент кој потекнува од интернет. Група на луѓе се собираат на некое јавно место во точно одредено време, симултано прават нешто заедничко и потоа се разидуваат.

Флешмоб активностите се светска атракција и не постои светска метропола во која не се одржал перформанс од ваков вид.

Па така денес и Битола беше дел од листата на градови во кои се одржуваат благодарение на невладината организација Гет иновација во соработка со ОУ. Коле Канински и ТСК. Степ ап.

Целта за овој настан е да се подигне свеста за програмата Еразмус плус и да се презентираат можностите кои им стојат на располагање на младите преку оваа програма.

Еразмус плус е седум годишна програма формирана од европската комисија и цели кон модернизирање на образованието и работата на младите низ целиот свет со тоа што им дава можност да учат, волонтираат, да се обучуваат и да се стекнат со работно искуство.

Флешмоб активностите најчесто се организираат преку социјалните мрежи.

Гет иновација е насочена кон промоција на технологијата, иновациите и нивното користење во секојдневниот живот.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY