По шестти пат манифестацијата Незаборав во Битола

0
386

Пред преполната сала и воодушевената публика во Центарот за култура, се одржа манифстацијата Незаборав.

Оваа година истата беше посветена на Гоце Николовски а група Калабалак традиционално трета година по ред настапуваат.

На манифестацијата настапија и Сефедин Бајрамов, Бојан Стојков, Зоран Маневски .

Културно-уметничката манифестација „Незаборав“, во рамките на БИТ ФЕСТ, се одржува по шести пат и годинава му беше посветена на Гоце Николовски, затоа што неговите родни корени се од битолските села Барешани и Лажец.

Во 2010-тата година „Незаборав“ беше посветен на Сашка Петковска, во 2011 на Јонче Христовски, во 2012 на Пепи Бафтировски, во 2013 година на Љупчо Спасеновски-Буба Мара, а минатата година на пејачот Добри Ставревски. Ова се сите битолчани, кои оставија длабоки траги во македонската музика.

 

Без коментари

LEAVE A REPLY