По силниот ветер и дожд, малку снег и пониски температури

0
799

Утрово висиката на снежната покривка беше 1 см во Маврово и Лазарополе, 2 во Крушево.

Најстудено беше во Маврово -4 степени, -3 Крушево, -2 Лазарополе, Ѓуриште, 0 Пожаране, Тополчани, Берово, 1 Кр. Паланка, Охрид, Претор, 2 Виница, Прилеп, Куманово, 3 Скопје Петровец, Битола, Штип, Тетово, 4 Струмица, Скопје, 5 Д. Капија, Дојран, 7 Гевгелија.

Под влијание на влажна и студена воздушна маса во текот на ноќта насекаде во земјава предизвика облачно време со повремени локални врнежи до дожд кои повеќе беа застапени во западните и северните делови. На планините и повисоките места врнежите од дожд поминаа во снег. Врнежите беа поинтензивни во западните и југозападните делови.На планините и повисоките места се формира и снежна покривка. Дуваше умерен а на повеќе места засилен северозападен ветер, кој во Пелагонија,Скопската котлина и Штипскиот регион достигнуваше брзина од 43 до 54 км/час.
Утринава насекаде во земјава времето е облачно , студено и ветровито. Дува умерен а во Штипскиот регион засилен северозападен ветер кој достигнува брзина 58 км/час.

Променливо облачно и студено, претпладне со повремен локален дожд со послаб интензитет, а на планините и некои повисоки места со слаб снег. Ќе дува на повеќе места засилен северен ветер, што ќе предизвика позначителен пад на дневната температурата и ќе се движи во интервалот од 2 до 9 степени.

Потоа следува период на стабилно и суво време со ниски утрински температури кои на места ќе се спуштат под нула, а дневните ќе бидат во пораст.