По силниот земјотрес регистрирани уште три потреси

0
1304

По силниот земјотрес што се случи денес во 11.39 часот со јачина од 4 степени, регистрирани се уште три потреси. Првиот во 11.42 часот со јачина од 2.3 степени со епицентар на 2 километри источно од Охрид на длабочина од 8 километри.

Следниот е евидентиран во 13.53 часот со јачина од 2.4 степени со епицентар на оддалеченост од 8 километри од Охрид со длабочина 0 километри. Последниот потрес се случи во 14.31 часот со јачина од 2.8 степени и епицентар на 8 километри оддалеченост од Ресен.

www.ohridnews.com