По синоќешните немири во Атина уапсени 13 лица

0
357

Вкупно 13 лица се уапсени по синоќешните судири во Атина меѓу полицијата и анархисти, кои ја одбележуваа седумгодишнината од убиството на Алексис Григоропулос.

Како што јави дописникот на МИА од Атина, меѓу уапсените еден е странец, а 12 се Грци, меѓу кои шестмина малолетници. Инаку, по протестите беа приведени 35 лица.

Против уапсените е покренат случај за кривични дела нарушување на мирот и подметнување пожари, како и за дела поврзани со експлозиви и прекршување на Законот за оружје. Уапсените денеска ќе бидат изведени пред јавен обвинител.