По сообраќајката и физички се пресметале

0
1276

На 23.07.2016 година во ПС-Прилеп, В.Х. од Прилеп пријавил дека околу 18.30 часот додека со Ф.И. (28) се возеле со ПМВ „Сеат Леон“ со прилепски регистарски ознаки, низ населба Варош, во задниот дел  бил удрен со мотор „Веспа“ кој го управувало непознато лице. После тоа В.Х. застанал на друга улица за да види колкава е штетата на возилото. Во тој момент пристигнало истото  лице со уште едно непознато лице и со метален предмет почнало да удира по задното ветробранско стакло, а ги скршило стаклата од задната десна врата. Сторителот во неколку наврати го удрило Ф.И.  во десниот лакт, десниот рачен зглоб, десната надколеница. Но, и покрај тоа В.Х. успеал да го стартува возилото и се упатил кон ПС Прилеп. Доктор од Итна медицинска помош кај В.Х. и Ф.И. констатирал телесни повреди. ПС Прилеп презема мерки за пронаоѓање на сторителите и за целосно расчистување на случајот..