По трагата на хрватите во светот

0
368

Преку концертот на машката клапа Праска од Подстрана, Хрватска и промоција на книгата и видео записот По трагата на хрватите во светот, на авторката Бранка Безиќ Филиповиќ, во Битола ќе се презентира дел од хрватската традиција и култура.

По повод Денот на државноста на Република Хрватска, Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ“ од Битола, во соработкa со хрватската матица на иселеници Сплит и битолскиот Завод и Музеј, традиционално и оваа година ја организираат манифестацијата за одбележување на овој ден.

Клапа Праска активно учествуваат во сите културни случувања на Сплит, Подстрана и регионот, како и на различни манифестации, хуманитарни случувања, ликовни и книжевни промоции а дел од нивното долгогодишно постоење на хрватска музичка сцена се и многубројните гостувања надвор од Хрватска на реномирани музички фестивали. Главната карактеристика на овој состав е обработката на старите далматински напеви, шансони, песни на препознатливиот “клапски” начин како изведба на познати хрватски песни.

Основани се во 2008 та година.

Од минатата година водител на клапата е маестро Јасминко Шетка.

Манифестацијата во Битола е во рамките на одбележување на над двецениско постоење на МХД, Хрватски културен центар Марко Марулиќ Битола.
Концертот во културниот центар Магаза е со почеток од 19 часот и 30 минути.