По трагите на Античкиот театар во Хераклеа

0
623

 

 

herakleja 7

Македонија има театарска традиција подолга од 2500 години. За ова сведочат четирите досега откриени антички театари во локалитетите: Стоби, Хераклеа, Лихнид и Скупи.

Во домот на АРМ.беше презентиран проектот По трагите на Античкиот театар во Хераклеа, спој на минатото и сегашноста, развојот на театарската уметност.

Целта на овој проект е да се посвети внимание на древната театарска историја на Хераклеа. Преку играно документаристички проект, да се  проникне во историските факти и да се пренесе на сегашните генерации традицијата и корените на тетарот во Битола.

Изградбата на театарот во Хераклеја Линкестис се смета дека започнала во времето на императотот Хадријан, а бил пуштен во употреба за време на Антонин Пиј.

Од Хераклеја потекнува и познатата „трагична маска“ од мермер, која е уште еден доказ за богатиот театарски живот на градот.

Преку музика во живо, нараторски дел на актерката Соња Михајлова, актерски перформанс, преку слоевита приказна, се приближи театарската историја на Хераклеа.

 

 

Неда Маретиќ

Без коментари

LEAVE A REPLY