По трагите на Виа Игнација

0
396
Вчера група италијански туристи организирани од страна на организацијата Лаб Францигена со седиште во Италија, од Битола го започнаа двенеделното патешествие по древниот римски пат Виа Игнација. 
Се собраа на 15 август во Битола, која е појдовна точка на оваа пешачка експедиција и синоќа попладнето ја преминаа македонско грчката граница на Меџитлија. 

Лабораторијата за екологија од Италија од 2000 година започна да организра тури на неколку маршути инспирирани од старите римски патеки низ Европа, а од 2015 година датира и пешачката тура по Виа Игнација. 

Идејата е родена од желбата да се продолжи искуство од еден семинар за екологија промовиран пред 13 години од Проф Вирџинио Бетини.  Започнаа во 2000 година и оттогаш организираа повеќе пешачки тури, на различни древни римски патишта низ светот. А Виа Игнација ја пешачеле во неколку наврати на различни делови од овој познат пат кој го изградија Римјаните, кои на тогашната цивилизација, а и оние кои потоа доаѓале им оставиле една култура, дотогаш непозната, а тоа е изградбата на патишта.
Оваа група вљубеници во историјата, во истражувањата и во авантурата во следните 19 денови ќе пропешачи вкупно 245, 5 км стартувајќи од Битола, преку Ники, Лерин, Кели. Арниса, Ниси, Воден, Арависос, Јаница, Пела, Гефира, Орикастро и финалната точка е Солун.
За потсетување Виа Егнациа во минатото претставувал пат par excellence со тоа што овој пат бил врската помеѓу Западното и Истчното Римско царство. Изграден во третиот век п.н.е. овој пат е продолжение на Виа Апиа (Via Appia) и поминува низ Балканот почнувајќи од Дуреш во Албанија преку Македонија и Северна Грција се до Истанбул во Турција.
Првенствено овој пат бил направен за потребите на војската но исто така имал и голема економска и социјална улога во период подолг од два милениума. По падот на Римската империја Византијците ја преземаат улогата назаштитници на овој пат. По Византијците доаѓаат Османлиите кои ја користеле Виа Егнациа за испраќање на своите војници даночници и трговски каравани.
Виа Егнациа била користена од војници, крстоноци, проповедници и свештени лица, бандити, трговци и селани кои оделе да пазарат. На патот исто така често се среќавале даночници, каравани кои понекогаш броеле и до двестотини магариња и мулиња кои биле натоварени со вина, дрва и сулфур, кожи и разни други производи. Значи патот се користел и за локални но и за подалечни патувања. Накратко, Виа Егнациа претставува вистински транс-Балкански автопат во различни историски интервали во зависност од политичите и географските околности.
https://youtu.be/XQR1Xj-o3Nk?t=25