По трет пат фестивалот 300 работи во Битола

0
257

Од 7- ми до 9-ти август, во Битола се одржа фестивалот 300 работи, фестивал за литература и аудио-визуелни уметности, кој вниманието го насочува кон современата уметност.
И ова година колегиумот организираше интересни содржини за битолчани започнувајќи со лајв литературниот перформанс.
Следните денови беше промовиран колегиумскиот записник број 2,неколку изложби, а овогодинешното издание на фестивалот заврши со отвореното кино.
Изминатите години битолчани имаа можност да проследат повеќе проекти меѓу кои-Печатена пантомима, промоцијата на книгата Снежна долина , проектите-Епиеизмот ,Песна се прави лесно, промоција на книгата Крепсатен,повеќе изложби и тоа на Сашо Паркет ,изложба на аналогна фотографија на Влатче, проектот-Денес , работилницата Драмска функција на просторот и други.
Организаторите задоволни од тоа како се одвиваше фестивалот но и од самата посетеност на истиот и се надеваат овој фестивал да прерасне во традиционален и манифестација по која Битола ќе биде препознатлива.