По возниот ред и киосци се поставуваат

0
2550

Пред околу 10 тина дена беше поставен возниот ред на превозниците, деновиве автобуските стојалишта добиваат нов лик, барем некои од нив. Станува збор за киосци, кои потсетуваат на оние од некое време, но со разлика што сега нивниот габарит е значително помал.

За што ќе се копристат, кој ќе стопанисува со нив и за други прашања, побаравме одговор од општината. Рекоа дека деновиве ке ја информираат јавноста, за проектот кој се изведува.

Во период од една година општина Битола постави 118 стојалишта од кои 68 во урбаниот дел, а останатите во руралните места. Со одлука на Советот на Општина Битола во сите три зони каде што има автобуски стојалишта, сите превозници кои што ги користат треба да плаќаат надоместок за застанување во зависност од зоната. Покрај ваквата одлука, на превозниците им се даде можност да инвестираат во автобуските стојалишта, а со тоа да бидат ослободени од плаќање кон општината во рок од 5 години колку што им трае договорот.Вредноста на 118-те нови автобуски стојалишта чинеше околу 9,5 милиони денари