Побаран притвор за осум лица за изборнен криминал

0
776

СЈО денеска излезе со први информации од истрагата за повеќе сторени кривични дела кои произлегуваат од прислушуваните разговори. Поранешни министри и државни функционери се осомичени за повеќе кривични дела.

Ова е првиот случај за кој Специјалното обвинителство (СЈО) на Катица Јанева покрена истражна постапка, а се води под името „Титаник“. Покренати се обвиненија и против пет судии од Управиот суд како и против 4 членови на ДИК од 2013 година.

За осум лица утрово е побаран притвор, едно лице е веќе предадено на истражен судија, но од СЈО, почитувајќи ја презумпцијата на невиност, не кажуваат кои лица се опфатени со барањето за притвор.

„Во 2012 осомничените во својство на министер за внатрешни работи, министер за транспорт и врски и секретар на влада заедно со други засега непознати лица, заради опстојување на власт на партијата и заради нивни непосредни привилегии создале група која имала за цел вршење кривични дела против изборите“, соопшти на прес-конференција обвинителката Фатиме Фетаи.

Без коментари

LEAVE A REPLY