Побаран притвор за синот што си го уби таткото во Битола

0
564

Основното јавно обвинителство – Битола достави предлог до Основениот суд Битола за определување мерка притвор против битолчанецот осомничен за убиство на својот татко.

Како што соопшти Јавното обвинителство на Република Македонија, станува збор за син на жртвата Т.М. од Битола. Убиството се случило на 15 април 2016 година во 21 часот во домот на жртвата.