Победа на Сириза

0
375

Алексис Ципрас беше дочекан со овации од членовите и симпатизерите пред седиштето на Сириза откако беше објавена убедливата победа на неговата партија на вонредните парламентарни избори.

Според официјалните резултати левичарската Сириза доби 35 отсто од гласовите пред конзервативната Нова демократија со 28 отсто гласови. Тој на твитер порача дека земјата ја очекува борвба и тешка работа. Мнозинството Грци сепак одлучија да го задржат на власт харизматичниот левичар Ципрас и покрај тоа што направи компромис со европските кредитори.

Неговиот ривал Вангелкис Меимаракис само два часа по гласањето му ја честиташе победата.

Без коментари

LEAVE A REPLY