Победа слават и СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ

0
920

Според ВМРО-ДПМНЕ, разликата меѓу оваа партија и СДСМ е околу 20.000 гласови
Тесна битка меѓу двете најголеми партии во македонскиот блок покажуваат досега пребројаните гласови од денешното гласање. Ваквиот тренд предизвика победничка атмосфера во двата партиски табора. Симпатизери и активисти на СДСМ веќе еден час се собрани пред зградата на Владата за да ја прослават победата во Изборната единица 1 (Скопје). Портпаролот на СДСМ, Петре Шилегов рече дека партијата води или победува во Скопје, но и во Битола, Кавадарци, Струга, Струмица, Гостивар, Дебар, Куманово…

Според неофицијални информации се очекува пред собраните граѓани наскоро да се обрати лидерот Зоран Заев и заменик-претседателката на СДСМ, Радмила Шекеринска.

Набрзо по ваквиот славенички чин на СДСМ со прес-конференција се огласи ВМРО-ДПМНЕ.

„Благодариме Македонијо. Победивме уште еднаш. На 11-ти декември се случи десеттата победа на ВМРО-ДПМНЕ. Македонија се спротивстави на црните сценарија и пучеви и покажа дека стои на нозе. Семафорот со резултатите покажува победа за ВМРО-ДПМНЕ со 390.000 гласови наспроти 370.000“, рече Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ.

Конечните неофицијални резултати се очекува да се знаат за еден час.