Победа убедлива во пелагониското дерби

0
689

Пелистер – Победа 1:4 (0:2)

Стадион во Новаци. Гледачи: 1.000
Главен судија: Петар Мантев (Неготино)
Асистенти: Илија Гонев и Зоран Ангелов (Кавадарци)
Делегат: Ненан Маркоски (Македонски Брод)
Стрелци: Тодоровски во 84 минута за Пелистер, а Гешоски во 37 и 41 минута, Дунимаглоски во 55 минута и Карчески во 75 минута за Победа
Жолти картони: Трифуновски, Недановски (Пелистер), Наумоски (Победа)
Црвени картони: нема

Пелистер:
Пашовски, Тододорвски, Миленковски, Коњарски, Степановски, Клечкароски, Неданоски (од 46м. Цветаноски), Марковски (од 66м. Мустафов), Мирчевски, Трифуновски, Магловски (од 19м. Трајковски)

Победа:
Макрески (од 1м. Мачевски) Котевски, Мегленски, Колевски, Гешоски, Шаркоски (од 57м. Петрески), Карчески, Крстески, Дунимаглоски (од 77м. Здравески), Димитриоски, Наумоски,
Фудбалерите на Победа потврдија дека се во одличен момент на форма и славеа на четвртиот меч по ред, и се цврсто на прво место на пет кола до крајот на Втората. Во пелагониското дерби кое се играше во убав амбиент, но на малото игралиште во Новаци, Победа го совлада непрепознатливиот Пелистер со 1:4 (0:2). Дерби мечот од 22 коло многу подобро го интерпретираа гостите, кои пак се потпреа на ветеранот Благоја Гешоски и им се реваншираа на битолчани за поразот од 2:1 во првиот дел од шампионатот, исто така на теренот во Новаци. Клучен беше периодот од 37 до 41 минута, кога Гешоски најнапред од игра по прекрасната акција по левата страна на Карчески, па и од пенал кој самиот го изнуди погоди за 0:2. Пред одморот можеше да биде и 0:3, но Дунимаглоски промаши зицер. Дунимаглоски со глава по корнер во 55 минута и Карчески во 75 минута од контранапад зголемија на 0:4. Почесниот гол за Пелистер го постигна Тодоровски со прекрасен удар од дистанца во 84 минута.

Без коментари

LEAVE A REPLY