Почина 21 годишна родилка во Прилеп

0
1050

Родилка на 20-годишна возраст починала речиси 12 часа по нормално породување во прилепската болница. Родилката С.Б. починала ноќеска во 1.50 часот, откако на свет донела здраво машко бебе. Од болницата велат дека по пропишан протокол без проблеми било извршено ова второ породување на С.Б. од прилепското село Беровци. На барање на родилката, освен двајцата дежурни гинеколози од Битола, присуствувал и породувањето го водел гинекологот кој ја водел бременоста, пишува Утрински весник.

Директорот на прилепската болница, Петар Ристески на прес-конференција на која присуствуваа началниците на сите одделенија, истакна дека породувањето на младата жена било извршено во согласност со сите протоколи. По речиси пет и пол часа од породувањето извршено по биолошки пат, при што е родено здраво, живо машко бебе, мајката била во добра здравствена состојба. Околу 16 часот таа од родилната сала била префрлена во акушерскиот оддел и подоцна дури примила посета. Но, во 19.15 часот нејзината здравствена состојба нагло се влошила.

„Преземени се сите неопходни мерки за нејзино згрижување, пациентката е префрлена во одделението за интензивна нега и реанимација. Направена е опсежна реанимација и постапено е по сите стандарди и протоколи. Ангажирани се четворица гинеколози, двајца анестезиолози и еден уролог, но, за жал, во 1.50 минути по полноќ пациентката егзитира“, изјави директорот Петар Ристески.

Семејството на починатата обвинува за лекарска негрижа.