Почина актерот Љубиша Самарџиќ

0
821

Љубиша Самарџиќ, легендарниот актер на југословенската и српска кинематографија, почина вечерва во Белград во 81 година од животот. Популарниот Шурда, како што јавуваат српските медиуми, во декември лани имал тешка операција на главата, а неговата здравствена состојба сериозно се влошила во последните денови, како последица на леукемија од која Самарџиќ боледувал подолго време.

Последното негово појавување во јавност беше на 30. март на отворањето на Мартовскиот фестивал за документарни и краткометражни филмови, каде што се прикажуваше неговото последно остварување „Панта реи“.

Љубиша Самарџиќ е роден на 19. ноември 1936. година во Скопје, а од 1960. до денес се појави во повеќе од 70 филмски и телевизиски улоги.