Почина Бата Живојиновиќ

0
1039

Легендарниот актер Велимир Бата Живојиновиќ почина синоќа во 22:45 часот во болницата Свети Сава во Белград. Југословенскиот и српски, телевизиски и филмски актер на филмското платно дебитираше во 1955 година во филмот „Pesma s Kumbare“. Глумеше во повеќе од 280 филмови и телевизиски серии.

Снимаше и филмови во кои ги играше главните улоги на просторите на поранешните Југословенски републики. Еден од родоначалниците на таканаречениот „Црн бран“ во југословенскиот филм, настанат на почетокот на шеесетите години, во кои континуирано настапуваше се до доцните седумдесети години.

Паралелно со нив играше и за таканаречените партизански филмови во кој се прослави за време на 60-те и 70-те, а еден од нив Валтер брани Сараево, му донесе голема популарност во Кина.

Освен глупата, паралелно се занимавал и со политика. Од почетокот на деведесетите, бил пратеник на Социјалистичката партија на Србија во неколку мандати, а во 2002 година бил и кандидат на СПС на републичките претседателски избори во Србија.

Се смета за најголем српски актер, со најмногу улоги.