Почина битолчанецот, кој со возило и плински боци удри во згрaдата на судот

0
1754

67 годишниот битолчанец кој минатиот месец рано наутро со плински боци во неговиот автомобил удри во зградата на Основниот суд во Битола починал.

Мирчевски починал во Скопје, а деновиве бил погребан на гробиштата во Битола, потврди за Тера адвокатот од судскиот процес.

И покрај сите напори на лекарите од Градската болница во Скопје, да му ги санираат повредите и да го спасат, сепак тој починал. Тој со тешки изгореници беше хоспитализиран на клиниката во Битола, а потоа пренесен во Скопје. 

Мирчевски на 20 јуни оваа година рано наутро во 4 часот, со неколку плински боци во неговото возило удри во зградата на судот на денот кога требаше да почне да ја одлежува 10 годишната затворска казна за кривично дело полов напад врз малолетник кој не навршил 14 години.

Тогаш неговиот адвокат рече дека не сака да ја коментира пресудата, оти пресудите не се коментираат, но рече дека неговиот клиент бил незаводолен и сметал дека е оштетен со пресудата, која пак за жал како што рече Ѓоргиев, била потврдена и од Врховниот суд.