Почина британската пратеничка што беше застрелана, кампањите за ЕУ-референдумот прекинати

0
763

Британската пратеничка од лабуристите Џо Кокс почина откако беше застрелана и избодена со нож пред својата канцеларија во Западен Јоркшир. Полицијата уапси 52-годишен маж.

Кокс беше застрелана и избодена пред библиотеката во Бирстал и во критична состојба беше однесена кон болницата, но починала пред да пристигне таму.

Различни очевидци велат дека пратеничката била ранета при расправија со маж со пиштол.

Некои очевидци рекле дека напаѓачот намерно ја нападнал Кокс, застрелувајќи ја три пати, од кои еднаш во главата, а потоа ја удирал и ја бодел со нож додека таа лежела на земја. Сведоци велат дека напаѓачот извикувал „Прво Британија“, што е името на една екстремнодесничарска група, која пак се огради од нападот и соопшти дека убиецот не е нејзин член.

Наводно друг човек се вмешал за да ѝ помогне, но и тој бил повреден.

Пратеничката била оставена да крвави на земја.

Сите кампањи за ЕУ-референдумот, на кој треба да се реши дали Британија ќе замине од Европската Унија или ќе остане во неа, се прекинати од почит кон Кокс, која во времето кога била нападната вршела службена должност.

www.mkd.mk