Почина четиригодишно дете искасано од кучиња

0
1224
По неколку дневен обид за спасување на животот на чериригодишното детенце од кичевско кое во Ургентниот центар беше примено со тешки повреди предизвикани од напад од кучиња, тоа попладнево им подлегна на повредите.
Како што информираат од Ургентниот центар, детето било примено во многу лоша животозагрозувачка состојба со тешки поврди на стомакот, скршеници на черепот и градниот кош, како и со загрозена функција на повеќе витални органи.
Четиригодишното дете во моментот кога било нападнато излегло од својот дом и сакало да премине преку нива и да стигне во соседната куќа, но во тој момент било нападнато од кучиња кои дошле од соседната штала со овци, во сопственост на 49-годишно лицето со иницијали Ш.В. од истото село, каде ги чувал кучињата пуштени, заедно со други кучиња скитници.