Почина четиригодшното дете кое беше намерно удрено со автомобил

0
782

Четиригодишното дете кое што пред неколку дена беше намерно удрено со автомобил заедно со неговите родители, синоќа почина, објали телевизијата Алсат М.

Несреќата се случи на 25 јуни кога по кратка расправија кумановец со возило Мерцедес намерно удрил во двајца сопружници и нивното четиригодишно дете.

Таткото, С.А.(1980) бил пренесен во Медицинскиот центар во Куманово, а неговата сопруга М.К.(1980) и детето М.К. како итен случај со возило на брза помош биле пренесени на Детска хирургија – Државна болница Скопје.

Истрагата за расветлување на случајот е во тек.