Почина Дарко Марковиќ

0
1639

По тешко и долго боледување, вечерва почина Дарко Марковиќ, познатиот карикатурист, сатиричар, филмски режисер, автор на популарниот стрип Пецко, објави Плусинфо.

Роден е во Скопје во 1940 година. Богато и уникатно творештво остави Марковиќ и како сценарист и сценограф, аниматор, стрип цртач, илустратор и дизајнер.

Негови познати анимации се „Граница“ (1976), „Стоп“ (1976), „Три минути на светот на Мирослав Бартак“ (1976), „Бело топче“ (1977), „Циркус“ (1979) и други.

Автор е на стриповите со популарниот јунак Пецко.