Почина Деби Рејнолдс, еден ден по ќерка ѝ

0
821

Холивудската легенда Деби Рејнолдс почина во средата, еден ден откако нејзината ќерка, глумицата и писателка Кери Фишер, почина откако доби инфаркт на лет од Лондон до Лос Анџелес.

За смртта на Рејнолдс беше објавено неколку часа откако била пренесена во Медицинскиот центар Седарс-Синаи од домот на нејзиниот син во Беверли Хилс. Полициски извор рекол дека таа се жалела на проблеми со дишењето.

Рејнолдс беше една од водечките глумци и пејачи во Холивуд во 1950-тите и 1960-тите, и славна личност чиј понекогаш тежок личен живот беше објавуван во медиумите. Таа продолжи редовно да глуми во 1990-тите.

Деби Рејнолдс стана славна откако глумеше во „Пеејќи на дожд“ (Singin’ in the Rain).

Според Ти-ем-зи, Деби и нејзиниот син Тод се договарале за погребот на Кери, кога на Деби и се слошило и добила удар. Таа имаше 84 години.