Почина Димитар Мирчев

0
693

Почина Димитар Мирчев, универзитетскиот професор и редовен член на Европската академија на науки и уметности. Тој е роден во Сливен, во 1942 година.

Мирчев е поранешен амбасадор на Македонија во Словенија, а извршуваше и важни функции во политичкиот живот на Македонија. Беше основач на Младата демократска странка, на Македонскиот совет на Европското движење и еден од обновувачите и член на Либералната партија на Македонија.