Почина Ерол Браун, кој се прослави со ‘You Sexy Thing’

0
199

Пејачот на групата Hot Chocolate, Ерол Браун почина во 71 година, од рак на црниот дроб, објави неговиот менаџер во средата.

Hot Chocolate беа познати по хитовите „Emma“, „Every 1’s a Winner“ и „You Sexy Thing“.

Браун починал во својот дом, крај сопругата Џинет и ќерките Колет и Леони, изјавил менаџерот Фил Дејл.

„Ерол ги сакаше животот и музиката. Никогаш не сум влегол во неговиот автомобил или домот а да не свиреше музика. И секогаш ја слушаше пред концертите во гардеробите“, наведе Дејл во соопштението.

Кралицата Елизабета Втора во 2003 година го одликуваше Браун со орденот на Член на Британската империја за придонесот во популарната музика. Една година подоцна ја прими наградата Ивор Новело за извонреден придонес во британската музика.

Хитот „You Sexy Thing“ беше издаден во 1970-те години, а во 1997 година беше мотив на филмскиот хит „ The Full Monty“ за шесте невработени мажи кои настапуваат како стрипери.